-->
-->
Откриена најголемата солена пештера на светот: Според Библијата жената на Лот тука била претворена во столб од сол! Кај Мртвото море се криеле дури 10 км од оваа убавина
-->

Тоа е пештерата Малхам, во близина на Мртвото море, а чии пространства истражувачите ги испитувале последните две години, а исто така во близина се наоѓа и место на кое, според Библијата, жената на Лот е претворена во столб од сол, пренесува "BBC".
Се очекува дождовите во иднина дополнително да ја прошират пештерата, навеле истражувачите.
"Солената пештера" настанува кога дождовницата минува низ пукнатините во земјата, се раствора и на патот кон Црното море прави полухоризонтални канали.
Пештерата се наоѓа во рамките на пештерата Содом, најголема во Израел, а првите нејзини делови се пронајдени уште во текот на 1980-тите години.

Тогаш во 2017-та година Јоав Нагев, од израелскиот клуб на истражувачи на пештери, одлучил да ја истражи до крај, па формирал тим сочинет од истражувачи и експерти за пештери.
Во текот на истражувањата на пештерата имало многу необични ситуации.

Така еднаш во текот на една пауза за вечера, како што раскажал Боаз Лангфорд од Хебрејскиот универзитет во Ерусалин, на екипата и недостасувал зачин за паста.
"Скршивме малку сол од еден камен", рекол тој.

Титулата најголема "солена пештера" на светот од 2006-та година ја држела пештерата на иранскиот остров Кешм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-
Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
-
Соработката меѓу македонската и грчката полиција во фокусот на средбата Малиос – Јанев во Атина
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2
-
Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба
-
Димитриеска-Кочоска - Славески: Ефикасна координција меѓу монетарната и фискалната политика за макроекономска стабилност
-
Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана