МЗТ брка победа против Спарс за пласман во финалето на АБА-2
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра вториот меч од полуфиналната плејоф серија во АБА-2 против босански Спарс, а со победа ќе се пласира во финалето на регионалното кошаркарско натпреварување.
Во првиот натпревар во четвртокот, кој се одигра во Сараево, македонскиот тим победи со 70-71, со кош во последната секунда на Лестер Медфорд, иако во еден момент „металците“ губеа и со 17 разлика.
Во пресрет на денешниот дуел, тимот на Ѓорѓи Кочов имаше добра проверка во петокот, откако го совлада Куманово со 76-72 во домашното првенство.
Во исто време, Спарс имаше само неколку дена да се опорави од шокантниот пораз на домашен терен и да се подготви за најголемиот тест во оваа сезона. Ако босанскиот тим успее да победи вечерва, третиот натпревар ќе се игра повторно во Сараево.
Во вториот полуфинален дуел се среќаваат Приморска и Борац Чачак, откако првиот меч го доби словенскиот тим со 78-59. Натпреварот број 2 се игра во истиот термин во Србија.
Ново на Сител
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање
-
Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина
-
МВР: Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки
-
СПМ: Извештајот на ЕП - индиферентност кон македонскиот идентитет, јазик, нација, култура и историја
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат