Македонија
14. November 2015 - 11:03

Во Македонска Каменица се гради детско игралиште

Во населбата која е подалеку од центарот на градот и на земјиште што ги поврзува  улиците  „Илинденска“, „Македонска“ и „Осоговска“ се гради детско игралиште. Инвестицијата е вредна 2,8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.
 
Градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски информира дека  игралиштето е на барање на жителте од трите улици.
 
- Игралиштето се гради на државно земјиште и според проектот тоа ќе биде на три нивоа, со сите потребни реквизити. Се надеваме дека ќе не послужат временските услови и ќе ги завршиме градежните работи најдоцна до идната пролет, рече Митевски.
 
Жителите се задоволни од изградбата на детското игралиште. Според нив, на овие улици има многу деца.
 
Ова детско игралиште  е четврто што се гради во рударска Каменица последниве години.