Ибрахимовиќ: Јунајтед мора да се ослободи од сенката на Фергусон
Во типичен стил, Златан Ибрахимовиќ објави дека Манчестер Јунајтед треба да се ослободи од сенката на Сер Алекс Фергусон, бидејќи тоа го запира развојот на клубот.
Легендарниот Шкот се пензионираше во 2013-та по извонредните 26 години, во кои постигна бројни успеси, но неговото влијание останува сериозно.
Во последните години „црвените ѓаволи“ бараат постојаност и на неколку пати дури останаа надвор од топ 4. Новиот тренер, Оле Гунар Солскјер не крие дека често бара совети од Ферги, што за Ибрахимовиќ, сепак, не е правилно.
– Сега се што се случува, се споредува со времето на Фергусон. Велат дека ако тој бил тука, лошите резултати нема да се случат. Фергусон ќе се погрижел за тоа. За мене, сепак, ова не е точно. Ако јас сум во оваа позиција ќе сакам да направам своја историја. Не сакам да слушам што се случувало претходно. Сакам да живеам во сегашноста. Тие имаат потреба од нов менталитет, изјави напаѓачот на Лос Анџелс Галкси.
Според него, Сер Алекс има своја приказна, но животот продолжува и клубот мора да пронајде нов идентитет, што секако не е лесно.
Ново на Сител
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим