Работилница за развој на бројлерското производство
Во Велес денеска ќе се одржи дводневна работилница чија цел е поставување на рамката за петгодишна, акциски ориентирана Стратегија за развој на македонскиот подсектор за бројлери, во консултација со сите клучни чинители во секторот живинарство.
Работилницата ја организираат ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на тековниот проект на ФАО кој цели да го направи подсекторот на бројлерско производство конкурентен, инклузивен и еколошки.
На настанот ќе присуствуваат домашни и меѓународни експерти на ФАО, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринаство, Платежната Агенција, производители на бројлери, преработувачи, трговци на мало и големо, како и претставници на меѓународната донаторска заедница, академијата и финансискиот сектор.
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес