Алкохоличарите живеат 23 години помалку, пушачите 10
Ако сте редовен пушач, сигурно забележувате дека пушењето има лоши последици по вашето здравје и општата состојба на телото.
Една цигара им го скратува животот на пушачите за 14 минути, а со редовно пушење 20-тина цигари на ден си кратите 10 години од животот, покажа истражувањето објавено на treatment4addiction.com.
Врз основа на службени извори како Американскиот центар за контрола и превенција на болести и Американската служба за справување со злоупотреба на лекови, ментални болести и безбедност во сообраќајот, беше пресметано колку штетните навики како редовно пиење алкохол, пушење цигари и консумирање дроги го скратува животот.
Според нивните пресметки, алкохоличарите живеат 23 години помалку, а хроничните корисници на кокаин 34 години помалку. Една доза кокаин го скратува животот за пет часа, метадон за повеќе од 12,5 часа, а хероин за речиси 23 часа.
Водачот на истражувњето Џејк Три вели дека првично се заинтересирал да дознае колку навистина се штетни зависностите откако дознал дека една цигара во просек го скратува животот за 10 минути, па сакал да собере поконкретни податоци.
„Се прашавме каква е ситуацијата со користењето дроги и пиењето алкохол, па почнавме да ги анализираме достапните информации од доверливи извори“, вели Три и додава дека во пресметките користеле податоци за просечниот очекуван животен век на луѓето.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала