-->
-->
Палмер: Договорот предвидува меѓусебно признавање на Косово и Србија и не исклучува промена на границите
-->
Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер изјави дека САД се посветени на постигнување траен договор меѓу Белград и Приштина, кој подразбира меѓусебно признавање, но додаде дека е „сосема можно“ таквиот договор да вклучува и „прилагодување“ на границите.
– Ние ја поддржуваме нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Двете страни мора сами да постигнат договор и тој мора да биде траен и сеопфатен. Во суштината на ова, за нас тоа значи взаемно признавање. Сосема е можно ова да вклучува прилагодување на границата меѓу Србија и Косово. САД не го заговара ова, но и не го исклучува, истакна Палмер за хрватската агенција Хина.
Според Хина, Палмер нагласи дека од Белград се очекува признавање и прифаќање на Косово како суверена и независна држава, додека Косово би морало да ја признае Србија како свој сосед.
– Постои простор страните да склучат договор што ќе биде прифатлив за јавноста и во едната и во другата земја. Ние би сакале да видиме страните да постигнат договор, сакаме да ни го донесат и добро да го погледнеме. Ако имаме дилема, ние тоа јасно ќе го ставиме до знаење и на тоа ќе работиме со двете страни за договорот да го обликуваме во нешто што и САД може да го прифатат и потврдат, рече Палмер.
Тој рече дека спорот меѓу Приштина и Белград е извор на нестабилност во регионот, додека нормализацијата на односите ќе ја доближи Србија и Косово до европската интеграција.
Палмер потсети дека двете страни мора прво да се вратат на преговарачка маса, бидејќи преговорите се блокирани поради високите такси на Косово воведени на производи од Србија и БиХ.
– Америка сака Косово да ги укине овие царини за дијалогот да се рестартира. Дури и привремено укинување на таксите би овозможило покренување на дијалогот. Ние го повикаме Косово да ги суспендира овие царини и да се овозможи дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече Палмер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња