Дука: Почнавме со исплатата на долговите на Општина Дебар
Општина Дебар почна со исплата на дел од долговите што општината ги има кон фирмите. Средства се обезбедени од Владата на Северна Македонија, според законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа.
Ова за МИА го изјави Хекуран Дука, вршител на должноста градоначалник на Дебар.
-Имав средба со сопственицитена фирмите на кои општината им долгува, со која всушност почнавме со исплата на 51 отсто од долговите. Исплатата е благодарение на финансиската подршка од Владата, а врз основа на одлуката донесена од Советот на општината за исплата на договорениот износ на доспеани, а ненаплатени обрски со состојба од 30 септември 2018 година. Средбата мина во позитивна атмосфера на која разговаравме и за други прашања, во интерес на идната, транспарентна соработка и меѓусебна доверба, изјави Дука.
Тој посочи дека преостанатиот долг ќе им биде исплатуван во неколку рати.
-Многу сум задоволен од фактот што присутните имаа разбирање, дадоа гаранција за унапредвање на соработка со општината, изразувајќи при тоа добра волја да придонесат за развојот на општина Дебар од сите аспекти, додаде Дука.
Инаку, договорениот износ е во висина од 108,5 милиони денари, додека износот што се подмирува со обезбедените средства, како финансиска подршка, изнесува 55,6 милиони денари.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите