Средношколци од туристичко-угостителскиот центар од Охрид со сертификати од обука во Шпанија
Деветнаесет ученици од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид се вратија од Шпанија со стекнати меѓународно признати сертификати, документи што ќе им помогнат во нивниот натамошен професионален ангажман.
Стнува збор за реализирана обука во рамки на „Еразмус плус“ програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку која учениците и тројца нивни професори беа на триседмична професионална обука во реномиран хотел до Барселона.
Тие зависно изборот на образовната програма беа работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи и келнери. Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови храна и пијалоци, работа на шанк, послужување храна и пијалоци, подготвување сали за конференции, семинари…
Сето тоа во насока на демонстрација на стекнатите знаења, нивна професионална надградба, искуства во тимско работење, стенување и креирање нови идеи, инспиративно искуство.
Покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, учениците имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури, но и да претстават дел од убавините на Македонија, Охрид и секако нешто од македонската традиционална кујна.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито