Заменик шефот на дипломатијата на 40. сесија на Советот за човекови права на ОН
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија, која во периодот од денеска до задутре ќе престојува во Женева, каде ќе учествува на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН.
Од вкупниот број земји-членки на ОН, најавено е учество на околу 90 министри за надворешни работи кои во наредните денови ќе дикустираат за состојбата со човековите права во светот.
За време на Советот за човекови права во Женева, Жерновски ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Средбата се случува по стапувањето на сила на Преспанскиот договор и само неколку дена откако Скопје и Атина го известија Гутереш за промената на уставното име на државата.
На маргините на сесијата, планирано е да се остварат низа други билатерални средби на кои ќе се разговара за внатрешно-политичките состојби во земјата, можностите за продлабочување на билатералните односи и за многу други светски предизвици.
Жерновски ќе има и обраќање пред високите претставници од ОН и земјите членки, а фокусот се очекува да биде ставен на актуелните безбедносни проблеми и нивното влијание врз човековите права, улогата на телата на ОН за подобрување на состојбите со човековите права, како и на постигнувањата и приоритетите на државата во оваа сфера.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска