Пројкоски нов претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија
Славко Пројкоски, главен финансов менаџер на Македонски Телеком АД - Скопје, е новиот претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).
Пројкоски доаѓа на местото на Мирослав Марчев, директор за даноци и правни услуги во ПрајсвотерхаусКуперс Скопје, кој беше на оваа позиција од септември 2014 година. Член на Одборот на директори од септември 2014 година и претходно ја вршеше функцијата на секретар/благајник.
На состанокот за потпретседатели се избрани Емре Козлу, генерален директор во Филип Морис –ТКП Скопје, и Борка Петровска, менаџер на администрација во Фени индустри.
Мандатот на претседателот на Одборот на директори и на останатите новоизбрани членови е една година со право на повторен избор.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито