Мета со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци
Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци.
На својот профил на Фејсбук тој напша дека е длабоко погоден и тажен од страшната вест и е духовно со семејствата на настраданите.
-Длабоко погодени и тажни од шокантните вести за загубените животи во трагедијата со автобусот на автопатот Скопје-Тетово. Во овие тешки мигови духовно сме до семејствата погодени од оваа трагедија, до роднините и пријателите на жртвите и сите граѓани на Северна Македонија погодена од ова трагедија! Длабоко и искрено сочувство и братска солидарност! Искрени желби за брзо закрепнување на повредените, напиша Мета.
Длабоко сочувство до најблиските на загинатите изрази и претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи.
-Сите сме силно потресени од трагедијата што се случи. Ја споделуваме длабоката болка со семејствата за загубата на нивните сакани. Братска солидарност со граѓаните на Гостивар, изјави Ручи.
Претходно, длабоко сочувство до семејствата на загинатите изрази и премиерот Еди Рама наведувајќи дека „доуховно сме покрај семејствата на настраданите и пријателската земја
Ново на Сител
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО