Македонија
13. February 2019 - 8:48

Нова промена на времето - подгответе се!

 Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб снег во северозападните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до седум степени.
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер.
 
Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до три степени.
 
Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.