СДСМ: Кога и да се случат предвремени парламентарни избори, Мицкоски нека се подготви за пораз
Портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски бадијала се дообјаснува, нека се спрема за пораз на какви било избори
Мицкоски повторно си ги дообјаснува своите интервјуа преку видеа на социјалните мрежи, очигледна е конфузијата во којашто е тој и неговата антизападна ВМРО-ДПМНЕ.
Тажно, мачно и црно во Македонија беше кога ВМРО-ДПМНЕ расипнички и криминално ги трошеа парите на граѓаните, Македонија беше заробена и во изолација, а Христијан Мицкоски го советуваше Никола Груевски, тогашниот и сегашниот негов шеф.
За време на тоа режимско владеење беше мачно и црно во Македонија затоа штограѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.
Токму во тоа црно време за граѓаните пионот Христијан Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Никола Груевски и свесно ја игнорираше маката на граѓаните.
Но, Македонија и нејзините граѓани ставија крај на црнилата на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет, македонски јазик и посебност признаени од целиот свет.
Кога ќе има избори не зависи од желбите на пионот и портпарол на Бачев Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.
Но кога и да се случат предвремени парламентарни избори, Мицкоски нека се подготви за пораз, исто толку тежок пораз каков што ќе доживее и неговиот кандидат за претседател.
Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат нов Иванов или нов Груевски.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата