МЗ: Две деца и еден возрасен на Инфективна клиника со симптоми на морбили, досега 26 хоспитализирани
Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили. Во моментов има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.
Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца. Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили (мали сипаници). Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2.008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца, информираат од Министерството.
Од Министерството повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.
Има доволно количини од МРП вакцините. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, посочуваат од Министерството.
Ново на Сител
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
-
Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
-
Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година
-
Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени
-
На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час