Заев потврди дека попладнево ќе има средба со Касами
Премиерот Зоран Заев потврди дека попладнево во 16 часот ќе во Владата ќе има средба со Билал Касами од Беса, во рамки на консултациите со политичките партии за
обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени.
-Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Очекувам од Касами да слушнам што ја загрижува БЕСА, нејзините гласачи и поддржувачи, рече на денешната прес-конференција Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој потенцираше дека разговара со сите политички партии без разлика дали се власт или опозиција, во, како што рече, функција на прифаќање на уставните измени.
-Денешнта средба со Касами е договорена пред Нова Година, Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви, рече македонскиот премиер.
Заев вчера изјави дека ќе стори се да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани, на пленарната седница. Тој е оптимист дека процесот ќе заврши успешно, и порано од
предвидениот датум за гласање на амандманите, планиран за 15 јануари, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во расправата, но и дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.
-Ќе сторам се до последен момент да обезбедиме двотретинско мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето, или ќе споделиме задоволство од тоа што е постигнато или ќе ја понесеме одговорноста на целиот фокус што го дадовме на интеграциите, дополни Заев.
Најави дека наредните денови покрај со Касами ќе има средба и со Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Од двајцата како недвојбени поддржувачи на интеграциските процеси на Македонија, рече, очекува сериозност и одговорност.
Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор почнува следната недела, на 9 јануари, кога е закажана собраниската седница за усвојување на уставните измени. Текстот на амандманите на Уставот на предлог на Владата за да поминат треба да бидат поддржани
од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот