-->
-->
Путин без пардон и одговри на американската новинарка: На прашањето дали сака да управува со светот, одговори: Нормално! А потоа следеше нов ладен момент
-->
Рускиот претседател Владимир Путин на прашањето на новинарка од Волстрит журнал дали Русија сака да владее со светот, иронично одговори „се разбира“.
Новинарка од Волстрит журнал му рече на Путин дека на Запад многумина ја гледаат Русија како закана, па дури мислат дека тој, како претседател на Русија, сака да владее со светот, па рече дека сака да знае дали навистина е така.
„Па, се разбира“, со насмевка одговори Путин.
Знаеме каде е центарот кој се обидува да управува со светот, а тој не се наоѓа во Москва, рече Путин на годишната конференција.
„Тоа е поврзано со водечката улога на САД во светската економија и вложувањето во одбрана. САД трошат повеќе од 700 милијарди долари во одбрана, а ние 46 милијарди долари. И вие мислите дека нашата цел е да владееме со светот“, со прашање врати Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата