Филипче ги посети повредените од сообраќајката кај Лесковац
Шест лица потешко повредени од сообраќајната несреќа на македонскиот автобус кај Лесковац се хоспитализирани во болницата во Ниш. Тие се во стабилна состојба, но со сериозни повреди. Синоќа шестмината повредени ги посети минисерот за здравство Венко Филипче, а претходно и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
–Во Клиничкиот центар во Ниш дојдовме на посета на посериозно повредените патници од превртениот автобус. Вкупниот број на пациентите кои овде се третираат изнесува шест. Засега се сите стабилни, но сериозно се повредени и им треба уште еден период од неколку дена во којшто нивните витални параметри ќе се следат. Кај двајца од тие шестмина може да дојде до ситуација во која што можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција, изјави Филипче во Ниш.
Претходно, како што изјави министерот, ги посетил повредените патници хоспитализирани во болницата во Лесковац.
Во болницата во Лесковац се сместени осум патници со полесни повреди, и како што рече Филипче, за ден до два ќе бидат упатени на натамошно домашно лекување во Македонија за што ќе бидат во континуиран контакт со колегите од Србија и заеднички ќе го организираат првозот.
Тој им се заблагодарам на лекарите во болницата во Лесковац кои излегле на местото на несреќата во тешки услови – ноќе, снег и кал и им пружиле прва помош, како и на здравствените работници од болницата во Ниш..
– За жал, тројца пациенти биле починати на самото место. Понатаму, на персоналот овде во Клиничкиот центар во Ниш кој навистина аплицира современи медицински методи за третман на нашите пациенти и на двајцата градоначалници на Лесковац и на Ниш кои излегоа во пресрет и ја дадоа поддршката во однос на тоа што требаше да се излезе во пресрет и на семејствата на луѓето што сега се лекуваат. Тие беа во постојан контакт и со министерот за здравство на Србија д-р Лончар на кого исто така сакам да се заблагодарам за поддршката која што ја даде во целокупноит процес на третман на овие пациенти, изјави Филипче.
Несреќата се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во 1.45 часот на автопатот кај Лесковац. Три лица загинаа, маж и две жени, а 31 се повредени. Тешката сообраќајна несреќа се случи кога автобус со македонски регистарски таблички од струшката фирма Еуро Бус, кој патувал на линијата од Струга за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.
Автобусот со македонски патници тргнал од Македонија во саботата околу 20 часот и во него имало патници од повеќе места во Македонија, а еден од повредените изјави за медиумите дека не се сеќава на несреќата, бидејќи сите спиеле во тој момент.
Ново на Сител
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ