Поднесено обвинение против пет дилери на дрога
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против четири македонски државјани и едно лице со македонско и албанско државјанство.
По спроведување на опсежна истражна постапка и прибирање на обемен доказен материјал, Обвинителството утврди дека од крајот на месец септември и почетокот на октомври оваа година, обвинетите со намера неовластено да вршат продажба на наркотична дрога – марихуана и кокаин превземале дејствија на неовластено купување, држење заради продажба, пренесување и организирање на продажба на наркотичната дрога.
-Наркотичната дрога марихуана во количина од 20.882,8 грама била набавена од непознати лица од Албанија за 3.500 евра. Непознатите лица согласно договорот, ја пренеле дрогата спакувана во две вреќи на територијата на Македонија во околината на Струга од каде требало да се превезе до Скопје. Кај планинскиот превој „Стража“ на бензинската пумпа „Лукоил“, при претрес на возилото во кое се пренесувала, дрогата била пронајдена од страна на полициските службеници, а при личен претрес на еден од осомничените се пронајдени и 0,43 грама кокаин, појаснуваат од Обвинителството.
Оттаму посочуваат дека при претрес на дом на осомничен, биле пронајдени предмети со остатоци и траги од наркотична дрога кокаин, како и 22,27 грама кокаин, кеси со марихуана, 49,79 грама психотропна супстанца амфетамин, 10 таблети со лого „S“ кои претставуваат 3,4 наркотична дрога психотропна супстанција метилен диоксиметамфетин, 24,66 грама наркотична дрога психотропна супстанција фенитилин и 45 куршуми кои според карактеристиките се муниција со калибар 22LR од производителот SWARTKLIP од Јужноафриканската Република, изработени од оловен материјал и наменети за испалување на огнено оружје.
-Во текот на истражната постапка одбраната на осомничените понуди предлог за спогодување со обвинителството. Надлежниот обвинител кој постапува во предметот имајќи го предвид кривичното дело што им се става на товар на обвинетите, како и фактот дека тројца од нив се веќе осудувани за истото дело, а првообвинетиот е на издржување на казна затвор во траење од 11 години за истото кривично дело, го одби предлогот на одбраната, се наведува во соопштението.
Со обвинителниот акт доставен е и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за останатите четири лица.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО