-->
-->
Ваташа добива црква и капела
-->
На иницијатива на месната заедница Ваташа, во ова кавадаречко село се гради нова црква до селските гробишта, која истовремено ќе се користи и како капела.
Во градењето на објектот со финансиски средства помогна и кавадаречката локална самоуправа, а донирале и бројни донатори од земјава и странство.
-Многу е значајна изградбата на овој објект за нас ваташани. Во него досега се инвестирани околу 40 илјади евра. Го посветуваме на Архангел Михаил, вели за МИА, Зоран Пењушков, претседател на месната заедница.
Во наредниот период во овој верски комплекс, ќе се изградат и трпезарија и летниковец.
Ваташа како село со околу 3.500 жители, има една црква во централното селско подрачје, а во близина е и Моклишкиот манастир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци