Бизнис
21. November 2018 - 12:36

Во Струмичко пет компании го откупуваат тутунот

Во струмичкиот регион интензивно тече откупот на тутунот, а на откупните пунктови пет компании вршат откуп.

Според Марјанчо Трајков, претседател на Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево откупот почнал без проблеми.

-И временските услови им одат на рака на тутунопроизводителите и затоа апелираме до нив да не го влажнат тутунот по вештачки пат, туку да остават тоа да се изврши природно. Само така ќе имаат добра манипулација на тутунот и ќе постигнат добра откупна цена. Има време и тутунарите да не брзат, апелира Трајков.

Во Струмичко се очекува да се откупат околу 22 милиони килограми тутун, а тутунарите се надеваат дека просечната откупна цена од 217 денари од лани ќе биде постигната и годинава.