Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицковски на Конгрес на ЕНП
Утрово почна работниот дел на Конгресот на Европската Народна Партија, каде што 758 делегати треба, меѓу другото, да го изберат Кандидатот на ЕНП за Претседател на Европската Комисија. Две носечки теми на приот работен дел од Конгресот биле „Просперитет за сите – повеќе раст и работни места” и „Предизвиците на Европа со миграција”.
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Претседателот Христијан Мицкоски, придружуван од Потпретседателот Александар Николоски, Меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев и Советникот за надворешна политика Тимчо Муцунски, учествува во работниот дел на Конгресот.
Ден пред почетокот на Конгресот, кога се оддржа Политичкото Собрание на ЕНП, Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер кој најверојатно ќе биде кандидат на ЕНП за Претседател на Европска комисија. Во текот на Конгресот Мицкоски ќе се сретне со голем број претставници на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.
Вечерва Мицкоски ќе присуствува на Самитот на Европската народна партија, каде што учество земаат Претседателите, Премиерите и Лидерите на опозиција на најголемото и најмоќно политичко семејство во Европската унија. Свое присуство на Самитот веќе најавиле Ангела Меркел, Доналд Туск, Жан Клод Јункер, Себастијан Курц, Виктор Орбан, Андреј Пленковиќ, Јанез Јанша и Бојко Борисов.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми