СДСМ: Обвинителството да го истражи случајот по допрен глас, како Мицкоски добивал земјиште за хидроцентрала
Обвинителството да го истражи случајот по допрен глас, како Мицкоски добивал земјиште за хидроцентрала од Груевски кога му бил советник
Откако јавноста ја дозна целата вистина за спрегата на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали, Основното јавно обвинителство треба по допрен глас да постапи и да ги истражи сомневањата за судир на интереси.
Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.
Тоа е класичен судир на интерес.
Дополнително, Основното јавно обвинителство треба да ги истражи и основаните сомневања за друго незаконско постапување, дали има и организиран криминал?
Особено ако се има во предви дека во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Димитар Димовски е познат на јавноста како соработник – лева рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните правосудни органи.
Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски а Мицкоски му бил советник на Груевски во Владата од којашто добиле земјиште.
Овие информации и документите за овој случај со Хидро Мицкоски се јавно достапни и секој може да го потврди.
Спрегата помеѓу ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски со Никола Груевски е очигледна и потврдена.
Очекуваме Основното јавно обвинителство и сите други надлежни институции да постапат и за наодите да ја информираат јавноста, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации со јавност Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија
-
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер
-
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу
-
Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица
-
Урсула фон дер Лајен во Белград: Партнерството меѓу Србија и ЕУ станува се посилно
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните