-->
-->
Починатиот пар од Битола тргнал на свадба
-->

„Тргна на свадба, а ја најдоа мртва во мотел“- потресно сведоштво на мајката на младата битолчанка
„Бабо, зошто плачеш“? Вака прашуваше две и пол годишната Kлаудија својата баба Гулсаде Османовска, која ја оплакуваше смртта на својата 27-годишна ќерка Ѓулџан, која заедно со сопругот Kашмир Исовски беше пронајдена мртва во мотелот „Пржо“ во Битола.
majkabitolaaaa
Како што пишува ДНЕВНИК, тие најверојатно 10 дена лежеле мртви на креветот во мотелот каде што починале од предозираност.
Имале четири деца, од кои трите поголеми се згрижени во домот „11 Октомври“ во Скопје, а најмалото ќе остане кај своите роднини. Малечкото девојче вчера не можеше да разбере дека во еден ден ги загуби мајката и таткото.
Вработени во мотелот пред три дена ги пронашле како лежат голи во фаза на распаѓање во мотелската соба. По извршената обдукција, чии резултати се уште не се јавни, телата на брачните другари беа закопани на гробиштата во Битола. Со солзи во очите и тага беше пречекана екипата на ДНЕВНИК од семејството Османовски во нивната скромна куќа на битолскиот Баир.
-Мајката на починатата девојка беше покриена со темна шамија и можеше да се забележи голема болка на нејзиното лице. Ни ја раскажа потресната приказна за ќерка си, на која, како што вели, дрогата и го одзеде семејството, а сега и животот. Присетувајќи се на тој кобен 24 октомври, мајката рече дека ќерка и заминала на свадба и веќе не се вратила, пренесе весникот.
- Ми рече, мајко, ќе излезам на свадба. И реков, ќерко, немој да одиш на свадба зашто се лекуваше. Не, рече, ќе одам, малку ќе поседам и ќе се вратам. Во 16:30 часот излезе од дома и девојчето повеќе не ми се врати. Вториот ден отидов и пријавив во полиција. Им дадов податоци, таа немаше ни лична карта ни пасош во неа. Секој ден прашував се до завчера кога ми кажаа дека починала, раскажува таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање