Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Договорот од Преспа е важен и поволен договор за Грција и регионот и ќе добие мнозинство од пратениците во грчкиот Парламент, рече грчкиот министер за поморство, Фотис Кувелис во интервјуто за првата програма на грчкото државно радио.
- Мојата проценка е, но би рекол и убеденост е дека Договорот од Преспа, еден особено важен и поволен договор за Грција и за поширокиот регион, ќе помине. Мојата проценка е дека бројот на пратеници во грчкиот парламент кои ќе гласаат за Договорот од Преспа, секако ако се завршат, како што е предвидено во самиот договор, процесите во ПЈРМ, мнозинството ќе се обезбеди и од пратеници кои не припаѓаат на СИРИЗА, рече Кувелис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кувелис кој е поранешен претседател на Демократска левица, партијата која што сега коалицира со ПАСОК во Движењето за промена, рече дека посакува единствени пратеник од неговата поранешна партија да се потсети на конкретната позиција за решавање на прашањето со името и да заземе поразличен став од останатите пратеници од Движењето на промена, односно да го поддржи Договорот од Преспа.
Грчкиот министер истакна дека позициите Панос Каменос, за планот Б е личен став на коалициониот партнер во владата.
- Јасно е дека господинот Каменос, Независни Грци, учествуваат во владата, соработуваат и ќе соработуваат и покрај она што во последните денови беше изразено од страна на Каменос, тоа не е централен политички избор на владата во прашањата во надворешната политика. Тоа е лично мислење на господинот Каменос, објасни министерот за поморство на Грција.
Во однос на тоа дали би поминал во парламентот евентуалниот предлог за гласање недоверба на владата пред договорот да дојде за ратификација, Кувелис објасни дека станува збор за 2 различни прашања и два различни процеси. Министерот за поморство на Грција, изрази убеденост дека и владата ќе добие доверба и Договорот од Преспа ќе биде ратификуван.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО