ССК бара полесен пристап до финансии за компаниите
Банкарскиот сектор да покаже поголем слух за полесно обезбедување финансиски средства за компаниите, бара Сојузот на стопански комори.
Сојузот ја поздравува поддршката од 100 милиони евра за стопанството преку Македонската банка за поддршка на развојот и смета дека тоа е добар чекор зашто ќе значи дополнителен импулс за придвижување на инвестицискиот циклус во Македонија, но неопходно е, сугерира, државата да стори што е можно повеќе за поквалитетен настап на странските пазари.
- За квалитетен извоз не се потребни само финансии, туку и квалитетен кадар. Соработката со универзитетите и компаниите треба да се издигне на повисоко ниво. Не е тајна дека засега е на релативно ниско ниво кое едвај функционира. Уште еден битен елемент е изградба на индустриски зони. За инвестирање во нова опрема и нови машини, потребни се простори за тоа да се направи, истакна денеска на прес-конференција Трајан Ангелоски од Индустриска комора во ССК.
Тој смета дека македонската економија не треба да се потпира само на земјоделството и градежништвото.
- Индустријата да го заземе своето место зашто секогаш дава повисоки стапка на раст и во континуитет е далеку потпорна на какви било надворешни влијанија, рече Ангелоски.
Ново на Сител
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа