СБ: Македонската економија закрепнува, позитивните движења зависат од реформските процеси
Македонската економија значително закрепна во однос на 2017 година и се гледаат позитивни движења поддржани од приватните инвестиции и потрошувачката. Се очекува годинава економијата да забележи раст од 2,5 проценти, следната 2,9 проценти и 2020 година 3,2 проценти. На ваквите очекување може да влијае нарушувањето на реформскиот процес под влијание на изборните циклуси и неисполнување на фискалната консолидација.
Ова е оценката на Светска банка во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што денеска беше презентиран во Канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во Скопје.
- Македонија забележа најголем напредок од шесте балкански земји од минатата година. До 2020 година се очекува постепен раст, меѓутоа чувствувителноста на претпоставките за нашиот изглед е забзување на процесот на пристапување во ЕУ и одржаниот момент на реформите, рече директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, додајќи дека ќе ги следат состојбите и ќе ги земат предвид при следните проекции.
На краток рок, на Македонија и советуваат фокусирање врз стабилизирањето на јавниот долг, што годинава порасна на 49 проценти, што е можно доколку се спроведе одредено приспособување.
Според него, добро е што оваа година е намален дефицитот и со тоа се креира простор за продуктивни инвестиции во човечкиот капитал и помала потреба да се финансираат дефицити за повторно задолжување.
Светска банка препорачува структурна реформа фокусирана на креирање опкружување за продуктивен конкурнетен приватен сектор, а од друга страна инвестирање во човечки капитал.
Светска банка очекува дека јавниот долг годинава ќе достигне до 50 проценти.
Позитивна вест, како што рече, е што е намалена стапката на невработеност и што се очекува таа да достигне историски најниско ниво од 20,4 проценти, но се затскрива одредена неактивност, односно на оние кои не работат или не сакаат да работат.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН