СДСМ: Барањето на Мицковски за нов јавен обвинител е обид за барање амнестија за криминалите на Груевски
Измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов Јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски.
Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски.
Мицкоски сака да ја загрози иднината на Македонија со постапки кои се против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски, исто како и Ѓорге Иванов е под контрола на Груевски.
Мицкоски, Иванов и Груевски треба да знаат дека нема амнестија за никого. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да се соочи со одговорност.
Колку и да се обидува, Мицкоски нема да ја закочи иднината на Македонија.
Волјата на граѓаните на референдумот е јасно изразена, граѓаните се за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.
Должност на сите политичари, вклучително и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.
Наместо да бара амнестија, Мицкоски да побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, да ги забрзаме процесите за конечно членство во ЕУ и НАТО, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути