Тринаесет сообраќајки во Скопје, потешко повредени две лица
Еден пешак и еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 13 сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.
Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Од сообраќај се исклучени и две возила кои биле технички неисправни и 17 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.
Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина)
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња