Обвинителот марк Рокфорд на претресот пред судот изјавил дека Енди излегол надвор и го фрлил изгорениот омлет на земја, по што кажал неколку навредливи зборови на сметка на кучето кое го чувал неговиот татко, како и на таткото.
Наводно ги опцул кучињата и татко си и му рекол: И онака ќе бидеш мртов за година дена, а неговиот татко кратко пред тоа имал операција на карцином на цревата. По тие навреди, таткото се обидел да го удри, но го промашил и почнале да се борат на земја.
Енди потоа легнал во кревет, а Питер во кујната ја завршил вечерата со сопругата. Меѓутоа, кратко потоа, станал од масата, отишол до камиончето од каде ја зел пушката и се вратил во куќата да го убие синот. Како што е кажано, тој својата намера ја соопштил на ежната, но таа не му верувала, мислејќи дека е само моментален бес.
Старецот пред судот се изјасни како виновен, наведувајќи дека неговата реакција била плод на повеќегодишното мачење со синот за чие лекување од наркотици потрошил меѓу 30 и 40 илјади долари, но и нерви.
Омлетот, како што рекол, бил иницијална каписла, бидејќи не можел повеќе да ја издржи ситуацијата во коај се нашле.