Живот
18. September 2018 - 15:10

Статуи од 8 метри секој ден во исто време се гушкаат: Но тоа трае само 10 минути, а кријат трагична љубовна приказна

Во градот Батуми во Грузија се наоѓаат две статуи. Високи се околу 8 метри и секој ден во 19 часот се движат.

Статуите се доближуваат, се гушкаат и на крајот заминуваат во спротивни насоки. Сето тоа трае околу 10 минути. Статуите ги направи уметницата Тамара Квеситаѕе. Дизајнирани се во 2007 година, а поставени во 2010 година. Познати се под името „Али и Нино“, а зад нив стои трагична љубовна приказна.

Приказната настанала врз темелот на новела на азербејџанскиот автор Курбан Саид, но се претпоставува дека тоа е само псевдоним и дека вистинскиот идентитет на авторот и натаму не се знае.

Али е муслиманско момче, а Нино грузиска принцеза. Тоа била голема љубов одбележана со верски разлики која на крајот завршила несреќно.