Прогласена тридневна жалост поради пожарот во ноќниот клуб
Владата на Романија прогласи тридневна жалост поради пожарот во ноќниот клуб во Букурешт, при што загинаа 27 луѓе.
Несреќата се случи откако изби пожар во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт. Тоа е една од најголемите несреќи во Букурешт во последните неколку децении. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства за време на концертот на романската хеви метал група „Goodbuy to gravity“. На концертот присуствувле околу 400 луѓе.
Во инцидентот повредени се околу 200 лица, од кои 146 се хоспитализирани поради изгореници, вдишување на чад и други повреди. Според болнички извори, деветмина од повредените се во критична состојба, како и пејачот и басистот на групата.
Огнот прво зафатил еден столб, а потоа и таванот на објектот. По избувнувањето на пожарот настанало стампедо.
- Ова е многу тажен момент за нашата нација, напиша на Фејсбук романскиот претседател Клаус Јоанис.
Тој изјави и дека има докази оти ноќниот клуб не се придржувал до безбедносните правила.
- Ние веќе имаме докази дека не биле почитувани законските одредби. Се надевам дека властите ќе спроведат брза и решителна истрага, посочи Јоанис.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува