Џет-Сет
19. August 2018 - 14:31

Уште еден повод за прослава: Бремената Александра со емотивна порака ги разнежни фановите

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ова лето имаат многу причини за прослава. Тие двајцата најпрво на 21 јуни се договорија еден на друг да го изговорат судбоносното „ДА“, а потоа кон крајот на наредниот месец ги израдува веста што ќе станат родители, а сега на ред дојде и роденденот на ФИлип.

Иако е бремена, Александра Пријовиќ и натаму е многу активна и настапува, а во паузите меѓу работните обврски времето го минува со семејството.

Во нивниот дом денеска има посебна причина за прослава, со оглед на тоа што Филип го слави својот 33-роденден, а пејачката на својата посилна половина јавно и испрати најубави желби.

„Среќен роденден на мојот најдобар маж на светот! Те сакам“, му порача Александра покрај фотографијата од венчавката, која на 21 јуни се одржа  во Белград.