-->
-->
Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка - Деве Баир
-->

Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе се затвори финансиската конструкција за рехабилитација и проширување на 13 километри од Коридорот VIII.
Спорд МФ до крајот на годината треба да биде објавен меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе го реконструира патот.
Министерството за финансии изготви предлог закон за гаранција на заемот од ЕБОР, кој е влезен во собраниска процедура. По усвојување на законот од Собранието, ќе се склучи договор за заем помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и ЕБОР.
- Заемот е под исклучително поволни услови. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР плус еден отсто, додека рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, информира МФ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До моментов загинати 59 лица, распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката
-
Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани
-
Пронајден е Андреј од ДНК
-
Татко си ја бара втората ќерка по трагедијата во Кочани, едната ја нашол
-
Панчо од ДНК со изгореници и на кислородна поддршка
-
Сиљановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!
-
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба
-
На 14 до 25 години се загинатите во пожарот во Кочани