Увидот во Избирачкиот список за референдумот од 9 август
Државната изборна комисија (ДИК) упати јавен повик до граѓаните за проверка на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот во податоците почнува на 9 август и ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.
ДИК ги повикува граѓаните Македонија, да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него, тоа да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.
Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни, наведуваат од ДИК.
Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК може да се најде на линкот: http://www.sec.mk/kontakt/.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица