Во Струга промовирани собрани дела на Димитрие Дурацовски
На летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга синоќа беа промовирани собрани дела на Димитрие Дурацовски, во издание на издавачката куќа Темплум.
Промоцијата беше во рамките на 6. издание на фестивалот за процесирање култура ДримОн, а за делата на Дурацоски говореа Живко Георгиески и Оливера Ќорвезироска, а преку видео порака се обрати и Елизабета Шелева.
Опишувајќи го Дурацоски и говорејќи за неговите дела, Шелева истакна дека нараторот настапува со апартен тон, во духот на смелата борхеовска пародија со идентитетите, незамислива за модерниот автор.
За просторната припадност на Дурацоски, за тоа дека и во една мала средина може да се биде голем и оти градот на двете води може да биде доволен простор за најголемите пливачи во современата светска литература, говореа и другите промотори.
- Кога и да помислам на која било од книгите на Дурацоски, мислам на едно мешано, збунувачко, разнородно книжевно писмо напишано со две, сосем различни раце (машка и женска; ирационална и сентиментална; сликарско-струшка и битпазарско-скопска; светскотажна и срцетажна...) кое речиси сосила ме извлекува од стиховите и ме фрла во долгите редови преполни со „истото“ што ме врзува и за поезијата, истакна Ќорвезироска.
Според неа, точката на Дурацовски во современата македонска книжевност е совршен круг.
- Постмодернистички, јасен, прецизен, исцртан со старовремски „шестар“ кој и не е алатка ниту за сликар, ниту за писател. Дурацовски несомнено слика со четка, но честопати помислувам дека пишува со шестар. Со прецизна верност кон она што го интересира, нагласи Ќорвезироска.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот