-->
-->
Џејмс Бонд заработи 9,2 милиони долари на премиерата
-->
Најновото продолжение на авантурите на таjниот агент Џејмс Бонд, „Spectre“, ги урна сите досегашни рекорди на британскиот бокс офис, соопшти денеска студио „Сони Пикчрс“.
Филмот во кој Даниел Крејг повторно се појавува во улогата на тајниот агент 007, на првиот ден од прикажувањето во Велика Британија заработи 9,2 милиони долари, со што стана „најгледан кино филм во еден вторник“ во британската филмска историја.
Претходното, 23-то продолжение на франшизата за Џејмс Бонд, „Skyfall“ во 2012 година на првиот ден на прикажување во целиот свет заработи 1,1 милијарди долари.
„Spectre“, кој премиерно беше прикажан во понеделникот вечерта во Лондон, доби одлични критики. Неговата премиера во кината ширум светот е најавена за 6 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата