Се реновира стадионот на „Влазерими“ во Кичево
Почна реновирањето на стадионот на „Влазерими“ во Кичево кој беше под вода по поплавите предизвикани од пролетните обилни врнежи.
Целиот инвентар беше уништен, па поради тоа фудбалската екипа на „Влазерими“ беше принудена неколку натпревари да одигра како домаќин на градскиот стадион во Кичево.
Фудбалската федерација на Македонија одлучи да му помогне на фудбалскиот клуб „Влазерими“. Првично почна да се работи на дренажата на стадионот од сите четири страни на теренот.
Секретарот на фудбалскиот клуб „Влазерими“, Ариан Имери изрази задоволство од помошта на ФФМ која почна да се реализира.
- Предвидено е првично да се работи на дренажата на теренот, а потоа ќе следува целосната реконструкција на соблекувалните на стадионот како и набавка на потребен инвентар во вредност од околу 35.000 евра, при што ќе се средат и горните катови на овој објект, изјави Имери.
Инаку, претходно ФФМ го реновираше и градскиот стадион во Кичево односно соблекувалните на овој објект.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал