Обвинител побара затворски казни за деца кои искинале постер на претседателот Ердоган
Турското државно обвинителство покрена обвиненија против две деца, на возраст од 12 и 13 години, заради навреда кон претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган. Двајцата го искинале постерот со неговиот лик, јавија денеска локалните медиуми.
Тоа е најнов случај малолетници да се изведуваат пред суд под слично обвинение, што повторно под лупа ја става проблематичната слобода на говор во Турција, пренесоа француските медиуми.
Државниот обвинител во најголемиот курдски град Дијарбакир за децата побарал затворски казни во траење меѓу 14 месеци и четири години и осум месеци, наведува весникот „Хуриет“.
Децата во мај биле фатени како на улица во Дијарбакир го кинат постерот со ликот на Ердоган. Двајцата се бранеле дека само сакале да го продадат постерот како стара хартија.
-Не обнувавме внимание кој е на сликата, не знаеме кој е тоа, изјавил на судот помалото од двете деца.
Во декември минатата година едно 17-годишно момче беше уаспено во училница под обвинение дека го навредувал претседателот на државата и потоа во притвор бил задржан неколку дена, за на крајот да добие условна затворска казна од 11 месеци, што предизвика осуда од јавноста.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита