Авганистанците побројни од Сиријците меѓу мигрантите во Македонија
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за барање азил на 3.445 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 543 се од женски, 742 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 241 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан - 1.822, Сирија - 1.222, Ирак - 173, Иран - 104, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни годинава до 28 октомври издадени се потврди на вкупно 186.423 странски државјани. Од нив, 115.606 се од машки пол, 26.651 се од женски, 35.510 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.656 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 123.071, потоа Авганистан - 35.209, Ирак - 14.427, Пакистан - 4.095, Иран - 3.071, Палестина - 1.628, Сомалија - 955, Бангладеш - 889, Конго - 487, Нигерија - 251, Камерун - 222, Еритреја - 212, додека останатите се во помал број.
Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа, 51 барање е од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27 октомври евидентирал вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо