-->
-->
Уапсен славниот актер Раде Шербеџија
-->
Познатиот актер Раде Шербеџија е уапсен минатата недела во Калифорнија поради возење во пијана состојба.
Како што пренесува порталот „ТМЗ“, Шербеџија е приведен откако полицајците воочиле дека неговото возило не се движи како што треба.
Како што наведува овој портал, малку фалело Шербеџија со својот автомобил да оштети паркирани возила. Кога го застанале полицајците во автомобилот пронашле отворено шише виски, а како што се наведува тој бил видно пијан.
При алкотестирањето било утврдено дека познатиот актер во крвта имал поголема количина на алкохол од дозволената, по што бил однесен на трезнење. Шербеџија после неколку часа е пуштен од притвор со кауција.
Актерот не се огласува по повод овие наводи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд