-->
-->
Одредени термините за првите средби на мекедонските екипи во Лига Европа
-->

Познати се термините за првите средби во кои ќе играат македонските претставници во Лига Европа
Фудбалерите на Работнички први ќе го одиграат својот меч од првото квалификациско коло.
На 11 јули, Работнички во Скопје, на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, ќе го пречекаат унгарскиот тим Хонвед.
Натпреварот ќе започне во терминот од 17:30 часот, додека реваншот во Будимпешта ќе се игра на 17 јули од 18 часот.
Ден подоцна (12 јули) во Ерменија кај Пјуник ќе гостува Вардар. Средбата која ќе се игра во Ереван ќе започне до 16 часот, додека во вечерниот термин од 20:45 часот во Глазгов кај Ренџер гостува Шкупи.
Кои ќе бидат термините за реванш натпреварите на Вардар и Шкупи ќе биде дополнително одредено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор