Манчевски-Габриел: Европската Комисија е партнер на Македонија за реализација на ИКТ проектите
Намалување на цените за роаминг, развивање наставна програма во основните и средни училишта за дигитални вештини и модернизација на администрацијата, остануваат да бидат во фокусот на работата на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за што Европската Комисија е постојан партнер.
Тоа го соопшти МИОА по денешната средба во Софија на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и еврокомесарката за дигитално општество и економија Мариа Габриел.
На средбата станало збор за документот на Европската Комисија којшто се однесува на серијата мерки за поддршка за реализација на проектите за дигитална трансформација.
Манчевски ја информирал Габриел, за формирањето дигитален форум за ИКТ, каде ќе членуваат претставници на стопанските комори, бизнис заедницата, академската фела и граѓанските организации. Во Дигиталниот форум ќе членуваат министерот Манчевски и претседателот на ИКТ советот, Владимир Цветковиќ. Дигиталниот форум ќе работи како стручно и советодавно тело од областа на информатичкото општество. Целта е да биде во постојана координација со ИКТ советот, каде ќе се имплементираат идеите и предлозите развиени во Дигиталниот форум. Форумот по потреба ќе формира експертски работни групи кои ќе ги вклучуваат сите засегнати и заинтересирани страни за решавање на одредени прашања поврзани со развојот на информатичкотот општество.
Од МИОА информираат дека аврокомесарката Габриел ја поддржала иницијативата и понудила помош и експертиза на Европската Комисија, за сите проекти во рамки на дигиталната трансформација. Со министерот Манчевски разговарале и за иницијативата Македонија да биде домаќин на првата регионална Академија за сајбер безбедност.
Ново на Сител
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути