Такси-превозот во Кочани пред згаснување поради „дивите“ таксисти
Состојбата со такси-превозот во Кочани е лоша. Се возат нерегистрирани возила, возат возачи без дозволи и без лекарски уверенија кои го рушат угледот на такси-компаниите и создаваат нелојална конкуренција, беше речено на денешниот состанок што го организираа одговорните служби од Полициската станица -Кочани и Општина Кочани со претставници на Здружението на такси-превозници и поединци што се занимаваат со оваа дејност.
- Над се се и новите законски одредби кон кои се прилагодуваат превозниците, а налагаат нови фискални каси што значи и нови трошоци, рече претседателот на Здружението Јоце Каров.
Каров истакна дека ќе упати официјално барање до Општина Кочани и до градоначалникот да помогне сите надлежни институции да се усогласат во дејствувањето, зашто, како што рече, во вакви услови такси-превозот во Кочани ќе згасне.
Од Полициската станица ја нагласија потребата од поголем ред и дисциплина и во такси-компаниите, зашто само со целосно почитување на законите од нивна страна, ќе може да сезасили борбата против дивите таксисти.
- Факт е дека деновиве има засилени контроли на такси-превозниците од екипи составени од сообраќајната инспекција и полицијата што се во функција на воведување ред во такси-превозот. Но, ние сме подготвени да соработуваме, зашто само така ќе може најлесно да се увидат неправилностите и да се работи на нивно отстранување, рече секретарот на Општина Кочани Александар Јосифов.
Деновиве Општина Кочани излезе со повик до такси-компаниите и таксистите со изминати лиценци да ја продолжат важноста на лиценците за вршење такси-превоз на патници, како и на изводите на лиценците за возила со кои вршат превоз.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени