Општинска поддршка за граѓанскиот сектор во Демир Хисар
Општина Демир Хисар издвои 330.000 денари директна финансиска поддршка за граѓанските организации кои работат и дејствуваат на подрачјето на тамошната локална самоуправа.
Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојаноски посочи дека средствата ќе бидат користени за финансирање на програмски активности во области од надлежност на општината.
- Граѓанскиот сектор помага во афирмацијата на Општината, поддршката што ја даваме на граѓанскиот сектор е јавна и транспарентна и затоа меѓусебно одлично соработуваме. Со распределбата на средствата всушност ние им помагаме за што поголема и директна вклученост на граѓанските опрганизации во програмите и проектите на општината, наведе Стојаноски.
Со одлука на општина Демир Хисар финансиски средства им се доделени на Здружението на граѓани „Оф роуд Демир Хисар“, Здружение за поддршка на манастирски и селски туризам и рекреативен спорт од село Слепче, планикарско горско спасителско друштво „АваКота 1050“, Здружение на дијабетичари „Сончева светлина“, Библиотека „Ал-Би“ од село Бабино, Здружение „Порака“, планинарско друштво Бигла-2013 и Здружение „Арт Поинт Гумно“ од село Слоештица.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел