ВМРО-НП стана членка на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа
ВМРО Народна Партија ги известува своите членови, симпатизери и целата јавност дека во изминатиот период се водеа интензивни преговори за вклучување на партијата во една од најголемите светски политички
коалиции.
Чест и задоволство ни е да Ви соопштиме дека на 9-ти јуни, на самитот во Баку, Азербеџан, ВМРО – Народна Партија стана членка на Алијансата на Конзервативци и Реформисти во Европа (Alliance of Conservatives and Reformists in Europe – ACRE).
Алијансата на Конзервативци и Реформисти во Европа е преку својата
Европска Група на Конзервативци е 3-та најголема политичка групација во Европскиот Парламент.
Во оваа политичка коалиција членуваат политички партии од скоро сите континенти помеѓу кои повеќе од 20 европски партии, но и партии од целиот Свет како Републиканската Партија на Америка, Конзервативната Партија на Канада, Конзервативната Партија на Велика Британија и многу други.
Со членството во Алијансата на Конзервативци и Реформисти на Европа како глобален член, ВМРО – Нардона Партија, ја докажува својата заложба и придонес за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска