Османи ќе го презентира новиот реформски План 18
Вицепремиерот Бујар Османи денеска пред претставници на граѓанскиот сектор, медиумите, експерти и други заинтересирани страни ќе ги презентира содржината, имплементацијата и значењето на новиот реформски План 18.
Османи во изминатите два дена го презентираше Планот 18 пред претставници на ЕУ во Брисел. Во интервјуто за МИА вели Владата останува посветена на одржлив и неповратен процес на реформи.
- Соодветниот чекор после 369 ќе беше отворање на поглавјата 23, 24 меѓутоа за да не ризикуваме да има дупка помеѓу планот 369 и отворањето преговори го лансираме Планот 18, кој ги има истите столбови како 369 - судство, администрацијата, безбедносни служби, нагласи вицепремиерот.
Османи посочил дека Македонија останува посветена на реформскиот процес и по добивањето на препораката и позитивниот извештај на Европската Комисија.
- Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи, сѐ до почетокот на преговорите, нагласил Османи.
Тој ги изразил своите очекувања дека постигнатиот напредок во имплементацијата на реформите, но и во отстранувањето на политичките пречки, ќе биде соодветно валоризиран на претстојните самити на ЕУ на крајов на месецов со што ќе се запечати европската иднината на Македонија, но и евроатлантската ориентација на сите земји од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет