„Исламската држава“ со нова тактика против европските земји
Исламската држава (Даеш) ја менува тактиката за нападите во европските држави, односно таа планира да испраќа џихадисти од соседните држави, отколку од тие во во кои се родени или живееле за да извршат атентати, ова стои во извештај на француските тајни служби до кои дојде француското радио Франс Инфо.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, оваа промена на тактиката ги загрижува француските тајни служби. Целта на ислмската терористичка организација е да го избегне засиленото следење на исламистите во европските земји. Имено еден французин, кој с евраќа од Сирија има повеќе шанси да биде следен од француската полиција, отколку еден Шпанец или Германец. Даеш игра многу на некооперативноста на европските тајни служби околу информациите за лицата кои се следени од нив.
Нападот во возот Талис ја симболизира таа неефикасност, бидејќи осомниченото лице беше забележано во Шпанија, Франција Германија и Белгија.
Според француското радиот, тајните служби на Франција проценуваат дека во моментов 500 Французи се борат во редовите на Даеш во Сирија и Ирак. Над 130 се убиени во борбите, од вкупно 1.700 Французи колку што „формално се идентификувани за нивната вмешаност во џихадот“.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи