НБРМ објави водич за едукација при управување со лични финансии
Народната банка на Република Македонија објави публикација „Паметно управување со парите – водич за личните финансии“, наменета за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии.
Се очекува дека овој водич ќе придонесе за поголема едуцираност на поединците и домаќинската во Република Македонија за управувањето со личните финансии, соопшти денеска НБРМ, укажувајќи дека при подготовката настојувале водичот да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата кои немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели.
Во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн.
Објаснета е и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.
Народната банка ја подготви публикацијата во соработка со Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и со Сојузот на микрофинансиски институции.л
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО