Тајани: Пакет од 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти на Западен Балкан
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска во Софија изјави дека предложил пакет од 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти на Западен Балкан.
Тој на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, додал дека е можно постигнување на договор за пристапување на Србија во членството на ЕУ до 2025 година, што преставува иницијален датум кој е составен дел од Стратегијата на ЕУ за пристапување на земјите на Западен Балкан, усвоена во февруари годинава, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.
„Оптимист сум по повод членството на Србија“, истакнал Тајани, додавајќи дека предложил пакет од 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти на Западен Балкан, како и дека Србија е важна за Европа.
Двајцата соговорници се согласиле дека е значајно да се работи на владеењето на законите и дека тоа ќе помогне кон забрзување на европските интеграции-сопштија од кабинетот на Вучиќ.
Ново на Сител
-
Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина
-
Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025
-
Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“
-
Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД